Skip to main content
Свет

70 пожарникари гаснат пожар во висока зграда, жителите евакуирани: драма во Лондон

21/10/2024  12:08

Пожар избувна во станбена зграда во источен Лондон, а 30-ина луѓе се евакуирани. Десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари одговорија на пожарот на Квинс Роуд Вест.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека сообраќајот во областа ќе биде отежнат додека екипите работат на гаснење на пожарот, кој избувна во стан на 10-тиот кат од 15-катната зграда.

„Тројца мажи го напуштија станот пред пристигнувањето на бригадата, а медицинскиот персонал на лондонската брза помош им помага на местото на настанот. 30-ина лица се евакуирани од околните станови“, соопшти Лондонската противпожарна бригада.

Тие најавија и поведоа истрага за утврдување на причината за пожарот, пренесува „Скај њуз“.