Skip to main content
Хроника

69-годишен скопјанец ќе одговара, нападнал полицајци со нож

28/04/2025  19:04

Пензионер од Скопје доби кривична пријава откако нападнал полицајци кои вршеле службени задачи, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ф.(69) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 07.03.2025 во Скопје, пријавениот со остар предмет нападнал полициски службеници додека извршувале службени дејствија“, пишува во полицискиот билтен.