Skip to main content
Македонија

69-годишен маж почина од компликации од грип во Скопје

18/01/2026  17:02

69 – годишен пациент почина од компликации предизвикани од сезонски грип на Инфективната клиника во Скопјe. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, истакна дека пациентот бил донесен во сериозна состојба и имал коморбидитети.

„Пациентот бил донесен со развиена масивна пневмонија и синдром на акутен респираторен дистрес. Не бил вакциниран против сезонски грип, иако бил дел од групата пациенти кои требало да ја примат сезонската вакцина“, рече Цана.

Ова е втор случај на смрт од грип оваа година.Во моментов, околу 30 лица со грип се хоспитализирани на Инфективната клиника, додека во клиниката се вршат околу 100 прегледи секој ден.