Skip to main content
Хроника

67-годишна жена од Тетово прегазена од мотоциклист

04/06/2025  15:18

Жена пешак прегазена од мотоцикл во Тетово.

– На 03.06.2025 околу 16.40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско, удрил во пешакот Ф.Б.(67) од село Стримница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Б., констатирани во Клиничката болница во Тетово, известија од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.