Skip to main content
Хроника

66-годишен возач починал откако со возилото излетал од патот

31/07/2025  15:12

На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио” со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.