Skip to main content
Хроника

65-годишна штипјанка измамена за наводна сообраќајка – и јавиле дека ќерка и прегазила мигрант

04/04/2025  11:49

Шеесет и пет годишна штипјанка вчера во Полициската станица во Штип пријавила обид за измама за изнуда на пари за сообраќајна несреќа во која нејзината ќерка прегазила мигрант.

Во соопштението од СВР-Штип се вели дека вчера во 17.30 часот во ПСОН Штип, 65-годишна жена од Штип пријавила дека околу 15 часот телефонски и се јавило лице, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила мигрант и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати 40.000 евра.

Но, како што се наведува во соопштението штипјанката се посомневала во вистинитоста на кажаното и дошла во ПСОН Штип и го пријавила настанот.