
На 10.06.2025 околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Васил Ѓоргов” во Скопје, 62-годишната В.Ц., управувајќи велосипед, изгубила контрола и со велосипедот паднала на коловозот.
Во несреќата, велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.