Skip to main content
Хроника

57-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Струга

16/01/2026  11:33

На 15.01.2026 во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.

Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.