
Убиецот на мајка си во Штип – С.З. е некогашен познат угостител, пренесува штипската телевизија „Стар“.
Убиец на својата мајка во синоќешниот инцидент е 54-годишниот С.З. кој е регистриран како алкохоличар – зависник.
– На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став.2 точка 2 од Кривичниот законик, официјално потврдија од МВР.
Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. беше познат угостител во Штип, пренсува ТВ Стар.