Skip to main content
Хроника

53-годишна кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад

04/12/2024  14:13

Педесет и тригодишна кавадарчанка вчера пријавила дека од 5 ноември до денот на пријавување, И.Т. во повеќе наврати на социјални мрежи ја вознемирувал со објави против неа, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Според пријавеното, во една прилика отишол и на нејзиното работно место во Кавадарци ѝ се заканил и се обидел физички да ја нападне, но, бил спречен од другите вработени, појаснуваат од СВР – Велес.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.