Skip to main content
Хроника

50-годишник од Охрид силувал малолетничка, девојчето се породило во март годинава

30/04/2025  11:14

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.

MK Summit

-Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.