Skip to main content
Хроника

50-годишен маж пукал во вработена во Центарот за социјална работа во Прилеп

24/03/2025  17:53

50 годишниот А.Ј. од Прилеп денеска околу 13.50 со пиштол пукал во 36 годишната М.Ѓ. вработена како социјален работник во Центарот за социјална работа во Прилеп. При што и нанесол тешки телесни повреди.

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски осомничениот А.Ј. со пиштолот влегол во Центарот и се упатил кон канцеларијата на М.Ѓ. откако не ја пронашол таму започна да се шета низ Установата и кога ја здогледал пукал кон неа.