Skip to main content
Хроника

49-годишен охриѓанец која ја видел полицијата фрлал дрога – подоцна е уапсен

29/11/2024  11:55

Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.

Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.

Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.