Skip to main content
Хроника

43-годишник смртно ја задушил својата партнерка во Кавадарци

29/05/2025  13:45

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство.

Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.05.2021 и 22.05.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.