
Познатиот бизнисмен и некогашен вицепремиер во Владата, Кочо Анѓушев, најмил лобисти од САД за да биде тргнат од „Црната листа“ објави порталот 360степени.
Според јавниот регистар на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, на 20 март 2024 година, или околу три месеци по воведувањето на санкциите против него, формално е регистриран договорот за лобирање меѓу Кочо Анѓушев и компанијата „Рисрч сервис биро“. Во документот, како лобисти, се наведени четири лица: Кевин Кери (Kevin Carey), Пол Хач (Paul Hatch), Семјуел Морис (Samuel Morris) и Оливер Шерловски (Oliver Scherlofsky).
Во описот на проблемот за кој се лобира стои кодот IMM, а во врска со делот 7031ц на одредбата за назначување од Стејт департментот. Со други зборови, се однесува на прашање за правото на САД да забранат влез на поединци и нивните семејства поради поврзаност со значителна корупција или кршење на човековите права.
Само неколку дена подоцна, на 27 март 2024 година, до истата институција е поднесен втор договор за лобирање каде што клиент е Кочо Анѓушев. Во него, тој е застапуван од „Рисрч сервис биро“, а компанијата што лобира за него е „Валкур ЛЛЦ“. Како лобист, е наведено името на Метју Моверс.
Моверс е човек со значително дипломатско искуство, кој работел и на кампањата Трамп-Пенс, кога победија на претседателските избори во САД во 2016 година. На својата веб-страница, во личниот опис, пишува и:
„Политико“ го назначи Моверс како еден од „моќните играчи“ во Вашингтон поради неговата улога во обликувањето на американската надворешна политика.
Според јавно објавените документи, Моверс лобирал за истото прашање како и „Рисрч сервис биро“ – имиграција, во врска со забраната за патување.
Целата статија на следниот линк

