Skip to main content
Македонија

360: Христовски не гледа докази за партиска активност во објавите на Фејсбук по неговото отчленување од ВМРО-ДПМНЕ

24/10/2024  21:18

360°: Колку со вашето именување за директор на Агенција за национална безбедност е испочитуван духот на законот вели дека директор не треба да биде член на политичка партија или член на органи и тела на политичката партија?

Христовски: Законот е тој, донесен е во 2019 година со изгласување од страна на двотретинско мнозинство во нашиот парламент. Најпрво и најважно за мене е законот да биде почитуван, како од мене така и од сите вработерни во Агенцијата и сите други учесници во системот што треба да го почитуваат. Факт е уште една работа – дека веќе година дена или откако се вратив односно пред да бидам вратен во Министерство за внатрешни работи, со моја официјална изјава за повлекување од членство и секаква друга припадност кон партиските структури, се повлеков од ВМРО-ДПМНЕ и оттогаш па наваму немам апсолутно никакви партиски, политички активности. Но, треба да се запрашаме и за уште една работа – доколку кај мене случајот е една година од повлекувањето да сум именуван за директор од страна на Владата, во случаите на претходни двајца директори немаше поминато ниту еден ден од нивните политички или партиски активности, па дури се сомневам и дека во текот и на нивното работење биле под политичко влијание и дека истото го пренесувале во вид на притисок на вработени во службата. Тие сомневање и индиции ќе бидат дополнително проверени следниот период.

360°: Ова се однесува и на Зарко Милошевски?!

Христовски: Да, се однесува и за Зарко Милошевски, но видете, некогаш, како што и вие кажувате, ако не зборуваме за легислативата дали некој член или не е член туку зборуваме за духот на позицијата и законот што се поставува како услов, нели поважно затоа е дали некој има партиски влијаниа од одредени политички…

360°: Но, дали едно неправо може да се покрие со друго неправо? Дали вашето именување, со оглед на вашиот партиски бекраунд, може да се покрие со тоа што сега вие ги обвинувате претходници дека биле блиски до партија?

Христовски: Мојата паралела што сакам да ја истакнам е токму тоа дека моето формално отчленување од партија е пропратено со моја апсолутна политичка неактивност во изминатиов период, а посебно тоа ќе биде покажано на дело од првиот ден на моето именување, па во следниот период. А тоа Владата, институиите и граѓаните ќе може да го видат на дело, а тие дела ќе бидат зачувување и подобрување на безбедноста состојба во државата односно единствена надлежност што ја има Агенцијата – внатрешната безбедност на државата.

360°: Ако за Виктор Димовски има информации дека бил дел од структурите на СДСМ, за Зарко Милошевски такви информации немаше и тој во јавноста е перцепиран како професиналец.

Христовски: Сомневањата што доаѓаат за претходниот директор не се однесуваат на негово отчленување и партиски активности во штабовите на претходната власт, туку се однесуваат за евентуални сомнежи и индиции за негово политичко влијание во рамките на Агенцијата за национална безбедност што според мене е пострашно од членување во политичка партрија и политички активности во рамките на партијата.

360°: Е сега вие велите дека во декември минатата година сте се отчлениле од ВМРО-ДПМНЕ, во февруари минатата година сте избран за претседател на Градскиот комитет, во меѓувреме има трага на социјалните мрежи од вашите постови. Ќе дозволите да прекоментираме дел од нив и заедно во контекст на тоа дали тоа што формално сте се отчлениле значи и дека сте прекинале со активност. Ова е една објава од 25 септември, пред помалку од еден месец, на фотографијата сте заедно со Јане Мицевски, а во позадина се гледа седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ, велите – ја чуваме организацијата. Уште еден пример ќе покажам, па ќе коментираме. Ова уште потазе, од 3 октомври, правите селфи, а ова е Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во простории на улица „Македонија“ во Скопје, пораката е „Скопје се буди“. Ова, сепак, се некакви пораки во партиска функсија и поддшка. Како го коментирате ова?

Христовски: Јас не гледам партиска поддршка и позадина во овие слики, доколку сметав дека има, тие слики ќе ги избришев пред да бидам именуван за директор. Тие слики се уште стојат на мојата фејсбук-страна.
360°: Полошо ќе беше, ќе велевме – директор бришел слики?

Христовски: Па да, но пред да бидам директор, сигурно никој не знаел дека би бил директор и сигурно никој не правел анализа на мојата фејсбук-страна, поради тоа и го тврдам ова.

360°: Што барате во Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 3 октомври?

Христовски: Тоа е блиц-слика со моите пријатели, претходни соработници во Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, блиц-слика на поминување. Инаку, тоа е штаб на Градскиот комитет, но повеќе во изминатиот период беше граѓанска канцеларија каде што многу граѓани има можност да влезат внатре и да разговарат со член од партијата или државен функсионер. Тоа и беше поентата на таа канцеларија, инаку дури од законски аспект не постои никаде забрана за влез во партиски штаб, забраната е за членување и партиски активизам и да се биде дел од партиските структури на која било политичка партија.