
34 години независност, a 30 години откако сме доселени се бориме со загадениот воздух во Аеродром, велат граѓаните на денешниот протест против загадувањето предизвикано од депонијата Вардариште.
“Нема воздух воопшто. Луѓето на Марс се качија, нашиве политичари не можат ова да го решат”, вели една жителка додавајќи дека политички не се определени никој, но и денес на нашиот најголем државнички празник излегоа да протестираат.
“Чист воздух никогаш ќе нема во Македонија, но и граѓаните се виновни со ѓубрето кое го фрлаат насекаде. Има и диви депинии, а таму се топи железо, олово… се гори за бакар. Ако запалиш 100 кила бакар ќе го загадиш цел простор”, вели друг револтиран граѓанин.
Целата анкета погледнете ја во продолжение: