Skip to main content
Македонија

31 пациент, половина малолетници примени на Токсикологија

01/01/2026  14:07

Загрижувачки податоци пристигнаа од Универзитетската клиника за токсикологија по новогодишната ноќ. Во првите 12 часа од 2026 година, дури 13 малолетни лица побарале лекарска помош поради интоксикација, најверојатно од алкохол.

Најмладиот пациент имал само 14 години. Вкупниот биланс на Клиниката е 31 пациент, што значи дека речиси половина од случаите биле деца. Лекарите истакнуваат дека најстариот пациент имал 44 години, што укажува дека „најлудата ноќ“ била најтешка за помладата популација.

За среќа, нема посериозни компликации – сите малолетници, како и останатите пациенти, веќе се пуштени на домашно лекување. Од Клиниката велат дека, иако дел од токсиколошките анализи се уште се во тек, најверојатната причина за приемите е алкохолна интоксикација.

Добрата вест е што нема лица задржани на болничко лекување; сите пациенти по укажаната помош се пуштени дома.