Skip to main content
Македонија

30.000 денари за првото бебе родено во 2025 година во Гостивар

01/01/2025  14:24

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар за да изрази честитка за првото бебе кое се роди во 2025 година во Гостивар.

Бебето, здраво девојче со тежина од 3,5 килограми, се роди во 12:40 часот и е во добра здравствена состојба.

„Денес изразувам честитка за првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари. Бебето оваа година е девојче и се надевам дека оваа година ќе биде добра и ќе имаме што повеќе новороденчиња“, изјави Лимани.