Skip to main content
Хроника

29 годишник прегазил полицаец преку нога на патот Гостивар-Кичево

28/11/2024  11:19

На 27 ноември 2024 година, во 13:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар, при обезбедување на лице место на сообраќајна незгода на магистралниот пат Гостивар-Кичево, го лишиле од слобода Е.К. (29) од село Велешта, Струга.

Лицето управувало возило „Голф“ со струшки регистарски таблици и поминало преку стапалото на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Повредениот полициски службеник добил медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар. На местото на настанот увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.