
Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови
Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит! Инк. во соработка со РЕАКТОР – Истражување во акција објавено во 2021 година укажаа на тоа дека менструалните продукти се премногу скапи, жените и девојките во Македонија купуваат ефтини менструални продукти, наместо квалитетни, а голем дел од нив се нашле во ситуација да немаат пари да купат влошки и морале да импровизираат со крпи или тоалетна хартија. Овие податоци говорат јасно дека менструацијата не е само биолошко, туку и социјално прашање. Прашање на правда, пристап и достоинство.

Затоа, во изминатите три години организациите Тиииит! Инк. и PERIOD Skopje заедно организираа јавни настани и акции за рушење на табуата околу менструацијата, а оваа година го одбележуваме 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната хигиена со „Paint and Wine”, во 19:00 часот во Лабораториум. Местата за учество на настанот се веќе пополнети!