
28-годишниот Р.К. од село Таринци пријавил дека бил физички нападнат од сопственик на продажен објект во селото.
„Вчера (22.08.2025) во 14:51 часот во СВР Штип, Р.К.(28) од с.Таринци, општина Карабинци, пријавил дека околу 14:30 часот во породажен објект во селото, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот Н.С., стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.