
Спасувачките екипи денеска ја завршија потрагата по жртвите на лизгањето на земјиштето во индонезиската покраина Западна Јава, откако на вториот ден од операциите беа пронајдени уште 14 тела, со што бројот на потврдени загинати се искачи на 25, пренесе ДПА, повикувајќи се на официјален претставник. Силните дождови, кои почнаа еден ден претходно, предизвикаа лизгање на земјиштето утрото во близина на едно село во округот Западен Бандунг. Според официјални информации, околу 80 лица сè уште се водат како исчезнати.
„Сите тела беа пренесени до центарот за идентификација на жртвите до 16 часот. Подоцна, операциите беа прекинати поради безбедносни причини, бидејќи теренот остана нестабилен и постоеше ризик од ново лизгање на земјиштето“, изјави Аде Диан Пермана, раководител на службата за пребарување и спасување во Бандунг. Лизгањата на земјиштето се честа појава во Индонезија за време на дождовната сезона, особено во густо населените и планинските делови на Јава, најнаселениот остров во земјата, посочува ДПА.
