Skip to main content
Хроника

25-годишна охриѓанка претепана на работното место од маж кој подолго време ја вознемирувал

04/10/2025  11:57

Вчера во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Д. од Охрид, подолго време вознемирувал, а на 29.09.2025 година околу 22 часот и физички нападнал 25 годишна девојка од Охрид, која била на нејзиното работно место.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачот, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 131 од Кривичниот законик „тешка телесна повреда“.