24 пешаци настрадале само минатата година. Во 2024 – во сообраќајни несреќи жртви биле 853 пешаци, а 214 завршиле со тешки телесни повреди.
Ова го покажува статистиката од МВР, но оттаму појаснуваат дека податоците се уште не се официјални, поради исполнување на законскиот рок од 30 дена од последната случена сообраќајка на 31 декември, објави Сител.
Официјалните податоци на МВР покажуваат дека секоја година, од 2010 наваму, на македонските патишта гинат помеѓу 116 и 198 луѓе.
Најлоша статистичка година била 2013. Тогаш, во 170 сообраќајни несреќи со загинати лица животот го загубиле 198 луѓе.
Намалување на бројките на загинати се очекува откако во сила ќе стапи системот „Безбеден град“. Камерите кои ќе ловат несовесни возачи се поставени, но недостасуваат потребните законски измени за возачите да можат да се казнуваат.