Денеска во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.Л.(23) од Скопје.
Кај приведеното лице биле пронајдени и одземени два ножа. Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.