Skip to main content
Хроника

23-годишник прегазил и тешко повредил пешак на патот Кичево- Македонски Брод

04/08/2025  14:56

На 03.08.2025 во 21:20 часот на регионалниот пат Кичево- Македонски Брод, кај влез за с.Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од с.Челопеци, кичевско, удрило во 30-годишната А.В. од с.Лисичани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.