Skip to main content
Хроника

23-годишна девојка од Битола повредена во сообраќајка кај ГП „Меџитлија“

22/11/2025  11:37

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Битола – Граничен премин Меџитлија.

– На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција, соопштија од полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.