Skip to main content
Култура

22 романа ја продолжуваат трката за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

21/02/2026  11:12

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), ја направи првата селекција, избирајќи 22 од 46-те пристигнати наслови на годинашниот конкурс.

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Како што е предвидено, жири-комисијата ќе го соопшти насловот на наградениот роман и името на авторот на прес-конференција што ќе се одржи на 13 март во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.

Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“.

Првата селекција на конкурсот за Роман на годината за 2025 година

  1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“
  2. „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“
  3. „Околу три по полноќ“, Димитрие Дурацовски, „Арс Либрис“
  4. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“
  5. „Ќе помине и моќта“, Ирена Јурчева, „Паблишер“
  6. „Договорот“, Јордан Коцевски, „Антолог“
  7. „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“
  8. „73 дена“, Иво Митев – Жиле, „Арс Либрис“
  9. „Кругот дупка“, Никола Наумовски, „ПНВ публикации“
  10. „Касадеј“, Велко Неделковски, „Матица македонска“
  11. „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“: (на почетокот беше… информацијата)“, Валентин Нешовски, „Антолог“
  12. „Промилите на Конзулвил: (миксан роман)“, Јордан Николов, „Паблишер“
  13. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана Лукан Николоски, „Чудна шума“
  14. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“
  15. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“
  16. „Потклек“, Љупчо Петрески, „Бегемот“
  17. „Арагон“, Михајло Свидерски, „Антолог“
  18. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“
  19. „ Неколку тишини подоцна“ , Ана Стојаноска, „Конгресен сервисен центар – Полица“
  20. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис
  21. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“
  22. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“