Skip to main content
Хроника

20-годишна скопјанка фатена со дрога на улица во Тетово

03/02/2025  15:28

Вчера пред полноќ била пронајдена дрога кај млада скопјанка.

Како што информираа од полицијата, на 02.02.2025 во 23.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.Р.(20) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.