Skip to main content
Свет

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

11/10/2025  08:54

– Американските власти соопштија дека 19 лица се загинати или се водат како исчезнати по разорна експлозија во фабрика за производство на експлозиви во сојузната држава Тенеси.

Шерифот на округот Хамфрис, Крис Дејвис, изјави дека „има 19 лица по кои трагаме“. Тој не прецизираше колку од нив се потврдени како загинати, но потврди дека има и повредени.

Причината за експлозијата во фабриката, која се наоѓа западно од Нешвил, сè уште не е утврдена. Истрагата може да трае неколку дена.

На новинарско прашање дали може да го опише местото на настанот, шерифот рече: „Нема што да се опише. Го нема.“

Дејвис истакна дека тоа е една од најразорните сцени што ги видел во неговата кариера и верува дека фабриката била во работа во моментот на експлозијата