
Денес во 00.37 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-Могила, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола“, велат од битолската полиција.