Skip to main content
Хроника

19-годишник пронајден починат во Битола

13/03/2026  15:09

Секторот за внатрешни работи Битола информира дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, бил пронајден починат А.Д.(19) од Битола. 

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а од страна на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.