Skip to main content
Хроника

19-годишник ја турнал и ѝ ја одзел ташната на 75-годишна жена во Кавадарци

25/05/2025  11:43

На 25.05.2025 во 01.20 часот на улица „Мито Хаџи Василев“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.П.(19) од Кавадарци, по претходна пријава за извршено кривично дело „разбојништво“.

Според пријавеното, околу 21 часот во влез во зграда на улица „Благој Крстиќ“ во Кавадарци, тој ја турнал и на сила и ја одзел ташната на В.А.(75) од Кавадарци, во која имала 3 000 денари и мобилен телефон „моторола“, а В.А. при падот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болница во Кавадарци.

Во близина на местото на настанот била пронајдена ташната, а при прегледот кај А.П. биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.