Skip to main content
Хроника

18 годишно момче кршел покуќнина и ја нападнал неговата мајка

18/11/2024  16:33

На 17.11.2024 во 21.00 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.В.(18) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.20 часот во семејниот дом агресивно се однесувал, оштетил дел од покуќнината и со вратата и ја потиснал раката на неговата 43-годишна мајка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.