Skip to main content
Хроника

18 – годишник со нож повредил врсник во Струмица

27/10/2024  17:19

Денес во 03.30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Х.(18) од Струмица.

Тој се сомничи дека околу 03.00 часот во Струмица го нападнал со остар предмет Ѓ.Ѓ.(18) од Радовиш, нанесувајќи му повреда. Ѓ.Ѓ. бил пренесен во Медицински центар Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

М.Х. бил задржан во полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.