Skip to main content
Хроника

18годишен државјанин на Албанија уапсен во Струга поради дрога

11/12/2024  11:04

На  10.12.2024 во 12.50 часот во струшката населба „Езерски лозја”,  полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Л.А.(18) од Република Албанија.

При претрес во апартман, кој тој го користел, била пронајдена и одземена марихуана и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.