Skip to main content
Хроника

17-годишно момче со автомобил излета во Ресен – тешко повредени две млади лица

04/07/2025  13:38

Возило управувано од 17-годишник, во текот на вчерашниот ден излетало од патот Ресен-Стење, на влезот во селото Царев двор.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил уште еден малолетен сопатник, сите од Ресен, соопшти МВР.

Извршен бил увид.