
Вчера во 11.14 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ Скопје било пријавено дека кај нив со убодна рана е донесен 17-годишен ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”.
Според пријавеното, тој се здобил со убодната рана во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Скопје.