Skip to main content
Македонија

15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“

19/11/2024  15:11

И годинава, на настанот за кој цела година се зборува и со нетрпение се очекува, присуствуваа голем број пријатели, соработници и парнери на „Тиквеш“ од земјава, целиот регион и пошироко, со што придонесоа во градењето на автентичната винска култура и традицијата на евалуација на виното од најновата берба во нашата земја, по примерот на останатите земји – големи произвдители на вино во светот.

Според оценките на енолошкиот тим и впечатоците на присутните на овој престижен настан, новите вина на „Тиквеш“, ѝ покрај сите предизвици и климатски фактори кои имаа влијание врз годинешната реколта, располагаат со одлични карактеристики, висок квалитет и потенцијал да бидат новите ѕвезди во портфолиото на „Тиквеш“, освојувајќи високи оценки, признанија и нови медали на реномирани светски вински натпревари. Посебен впечаток на годинешниот фестивал остави младото вино од сортата смедеревка, за која енолозите на „Тиквеш“ сметаат дека, заедно со вината од останатите локални сорти, ќе биде вистинско пријатно изнадување за потрошувачите. Покрај останатите веќе добро познати вина на „Тиквеш“, на годинешниот фестивал премиерно беа претсавени и младите вина од сортите малвазија и станушина, кои допрва ќе ги пленат љубителите на доброто вино.

Покрај во доброто вино и вкусната храна, гостите на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“ можеа да уживаат и во богата забавна програма за која се погрижија младите џез музичари од музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, виртуозот на гитарата маестро Влатко Стефановски, српскиот музичар Дејан Петровиќ и неговиот Биг-бенд, како и диџејот Марко Минт.

Следејќи го искуството од претходните години и овој Фестивал на младо вино имаше добротворен карактер. Имено, согласно својата трајна определба за општествено одговорно делување, „Тиквеш“ им овозможи на сите посетители на фестивалот да дадат свои парични донации кои ќе бидат наменети за поддршка на организацијата „Донирај компјутер“ која обезбедува компјутери за социјално загрозени семејства и на Комисијата за еднакви можности, која функционира во рамки на Општина Кавадарци и работи на зајакнување на жените на локално ниво и на унапредување на родовата еднаквост.