Во рамки на истрагата за пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, досега се уапсени 15 лица, јавија денеска турските медиуми.
Во пожарот што избувна во тој хотел во текот на ноќта на 21 јануари загинаа 78 лица.
„Петмина осомничени, меѓу кои Седат Ѓулер, заменик-градоначалник на општина Болу и Кенан Чоскун, заменик-директор на противпожарната служба, се појавија пред судот. Бројот на осомничените кои се приведени се зголеми на 15 со последните апсења во истрагата за пожарот во хотелот Гранд Картал во ски-центарот Болу Карталкаја“, објави денеска турски „Сабах“, пренесува Танјуг.
Пожар зафатил зграда во турскиот ски-центар Карталкаја во Болу во вторникот вечерта.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сите одговорни за пожарот ќе бидат казнети.