
Околу 15 илјади граѓани според слободна проценка се присутни на денешниот протестен марш во Скопје, а тие моментално од Собранието на РМ се движат кон Влада.
Ситуацијата е мирна, а колоната оди во присуство на полициски службеници на МВР. Граѓаните извикуваат “УА” и “Правда”, а ги имаат уклучено и светлата од мобилните телефони во чест на 60те изгубени животи во трагедијата во Кочани!