Skip to main content
Хроника

15-годишно дете од Гостивар донесен починат во Медицинскиот центар

24/12/2025  16:10

На 23.12.2025 година во 08:00 часот во ОВР Гостивар, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека кај нив било донесено починато 15-годишно дете од Гостивар.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција за утврдување на причините за смртта.