Веќе 14-ти ден откако исчезна Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Според информациите од МВР, установено е движењето на Лидија, која на последниот познат пат кон Драчево се упатила од раскрсницата во селото Јурумлери од каде и се губи трага.
При пребарување на теренот, пред извесен период во близина на мостот на реката Вардар, пронајдени беа неколку предмети, меѓу кои кутија од цигари, запалка и џемпер. Прво, сопругот на исчезнатата ја потврдил кутијата од цигари и запалката како нејзини, додека џемперот не бил препознат. Со цел поголема ефикасност во потрагата, полициски службеници од СВР Скопје извршиле обиколки по течението на реката Вардар, во кои учествувале и роднини на исчезнатата.
Мартина, една од ќерките на исчезнатата Лидија за 24Инфо утрово истакна дека низ градот се слушаат разни приказни за нејзината мајка кои ги искоментира како дезинформации и замоли да не се отежнува во потрагата по Лидија. Таа вели дека МВР секојдневно ја бара, но сеуште немаат никаква информација, истакна дека семејството е во многу тешка ситуација, живеат со надеж дека ќе добијат повик дека нивната мајка е пронајдена. Исто така таа додава дека во потрагата не се вклучени кучиња трагачи, бидејќи како што им било кажано од МВР, во моментов немале.
Мартина, меѓудругото вели дека во моментов е бремена и тешко ја поднесува целата ситуација во која семејството се наоѓа речиси половина месец.
Љ.Ј