Двајца тинејџери се степале со ножеви пред основното училиште „Фан Ноли“ во Тирана.
Во инцидентот починало 14-годишно момче кое се здобило со рана на срцето. Жртвата е албански државјанин со иницијали М.Ц.
Во меѓувреме, другиот повреден кој се здобил со рана во градниот кош е во стабилна состојба.
Се дознава дека тинејџерите биле ученици на ова училиште, додека причината за тепачката меѓу нив се уште не е позната.