Skip to main content
Хроника

13годишно дете од прилепско починало откако се судрило со мотор со друг малолетник

03/05/2025  14:26

На 02.05.2025 година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка  „Бенели” а другиот марка „Пежо”, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. 

MK Summit

Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирна од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба. 

Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.