Skip to main content
Македонија

13 години од монструозното убиство на четири момчиња и еден рибар кај Смилковско езеро

12/04/2025  15:28

Поминаа 13 години од моментот кога Македонија остана во шок од петкратното убиство кај Смилковско езеро на четирите другари и рибарот.

На Велики четврток, животот го загубија Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, другари од Радишани на возраст од 18 до 21 година, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „опел омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење.

На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

Во едно од ретките интервјуа, аткото на Александар, Горан Наќевски за „Алфа“ рече дека поради политичкиот пазар, Заев е поголем монструм и од убијците.

-2015 друго ни ветуваше, сега друго прави. Револтирани сме и од Катица Јанева ни ветуваше дека прв случај ќе биде, ама молк и од таму како што гледате. Мислиме дека и таа е политички пазарена со СДСМ и ДУИ, рече Наќевски во октомври 2017.

После и на суд се докажа дека лажел.

Во завршниот збор за случајот „Монструм“ за масакрот кај Смилковско Езеро, обвинителката Фатиме Фетаи потенцираше дека прислушуваните разговори, поради кои СЈО ја доби надлежноста врз случајот и тој беше вратен на почеток, не открија нова или поинаква вистина за петкратното убиство.

Таа потенцираше и дека и покрај тоа што премиерот Зоран Заев, кој од позиција на лидер на тогашната најголема опозициска партија, јавно зборуваше дека прислушуваните разговори ќе ја откријат вистината за „Монструм“, се отфрлија сомнежите дека постои друга вистина, на која, на еден начин, беше навлечена јавноста.

Ниту прислушуваните материјали, ниту неговото сведочење, не ја сменија вистината во „Монструм“, истакна Фетаи, отфрлајќи ја внмешаноста на Трајко Вељановски во случајот.

На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

На 15 септември 2023 година Врховниот суд конечно ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.

Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

На 23-ти февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.