Skip to main content
Свет

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година

02/01/2026  22:01

128 новинари и медиумски работници се убиени во светот минатата година. Од нив, десет се жени, објаву меѓународната федерација на новинари. Листата објавена на 31 декември вклучува случаи во Појасот Газа, Танзанија, Перу и Гватемала, како и несреќа во која загинаа седум медиумски работници во Нигерија, еден таков случај во Бурунди и еден во Иран.

На Блиски Исток и арапскиот свет убиени се 74 убиени новинари, од кои 56 во Палестинската самоуправа. Регионот трета година по ред е најсмртоносен за новинарите и медиумските работници.

На второ место е Јемен со 13 загинати, а следува Украина со осум загинати новинари и медиумски работници.

Шест новинари се убиени во Судан, четири во Индија и во Перу, а неколку други земји, вклучувајќи ги Филипините, Мексико, Перу и Пакистан, изгубија по три новинари.

Во вкупниот број на загинати новинари, имаше и девет несреќни смртни случаи.

– Светот не може повеќе да чека, време е за конвенција на Обединетите нации, која ќе ја гарантира безбедноста и независноста на новинарите насекаде, изјави генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Белангер.

Во 2024 година, ИФЈ регистрираше 122 смртни случаи на новинари и медиумски работници, меѓу кои 14 жени, а 516 новинари беа во затвори. Додека во 2025 година 533 новинари и медиумски работници се затворени, од кои најголемиот број во Кина.