Skip to main content
Скопје

100% избројани гласови во Скопје: Орце и Амар во втор круг, СДСМ петта партија на советнички листи

20/10/2025  08:15

Државната изборна комисија до утрово има пребројано 100 проценти од гласовите за избор на градоначалник на Град Скопје.

Според резултатите во вториот круг одат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со освоени 91.582 гласа и Амар Мециновиќ од Левица со освоени 30.659 гласови.

Трет е Башким Бакиу од ВЛЕН со 27.864 гласа, додека Каја Шукова од СДСМ е на четвртото место со освоени 26.714 гласа.

Што се однесува до мандатите во советот нив најмногу ги освои ВМРО-ДПМНЕ која ќе има 18 советнички места.

Потоа следува коалицијата НАИ предводена од ДУИ со шест советника, исто толку имаат и Левица и ВЛЕН, додека СДСМ е петта партија во Скопје со освоени пет советнички мандати.

Во Советот на Град Скопје свои претставници ќе имаат и ЛДП, ЗНАМ, Независни заедно и Зелен хуман град.