Skip to main content
Хроника

Ѝ рекле дека ќерка и прегазила дете мигрант – Пензионерка од Скопје остана без пари и злато

25/05/2025  17:29

Седумдесет и четиригодишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од непознато лице, кое ѝ телефонирало и ѝ побарало пари под изговор дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 мај 2025 година во 14:42 часот во СВР Скопје. Жената навела дека добила телефонски повик од лице кое ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно прегазила дете-мигрант, по што ѝ било побарано да плати пари за да не заврши во затвор.

„Според пријавеното, оштетената подигнала 60.000 денари од банка и понела и златен накит од својот дом. Потоа сè оставила на место што ѝ го посочило лицето, мислејќи дека ѝ помага на ќерка ѝ“, соопштија од МВР.

Подоцна, кога ја контактирала вистинската ќерка, жената сфатила дека станува збор за измама.

Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.